Извозот во првиот квартал порасна за 17%

Bez autora
May 06 2014

Трговската размена во првите три месеци годинава бележи раст од 14,6%. Според податоците на Државниот завод за статистика во првиот квартал 2014 годинава размената на стоки изнесува 2,80 милијарди долари при што вкупната вредност на извозот изнесува 1,11 милијарди долари и поголем за 17%, а увозот достигна 1,69 милијарди долари и е поголем за 13%. Покриеноста на увозот со извоз е 65,6%. Трговскиот дефицит, во периодот јануари-март 2014 година, изнесува илјади 584 милиони долари. Исклучително важно е тоа што за прв пат по подолг период македонскиот извоз бележи поголем раст од вредноста на увозот. Според податоците на Статистика најголем раст на извозот од 99,7% во првите три месеци е забележан во секторот машини и транспортни уреди што е резултат на извозот на автобуси на белгиската компанија Ван Хул кој од минатата година почна да работи во слободната зона Бунарџик во Скопје.

Извозот во првиот квартал порасна за 17%Трговската размена во првите три месеци годинава бележи раст од 14,6%. Според податоците на Државниот завод за статистика во првиот квартал 2014 годинава размената на стоки изнесува 2,80 милијарди долари при што вкупната вредност на извозот изнесува 1,11 милијарди долари и поголем за 17%, а увозот достигна 1,69 милијарди долари и е поголем за 13%.

Покриеноста на увозот со извоз е 65,6%. Трговскиот дефицит, во периодот јануари-март 2014 година, изнесува илјади 584 милиони долари.

Исклучително важно е тоа што за прв пат по подолг период македонскиот извоз бележи поголем раст од вредноста на увозот.

Според податоците на Статистика најголем раст на извозот од 99,7% во првите три месеци е забележан во секторот машини и транспортни уреди што е резултат на извозот на автобуси на белгиската компанија Ван Хул кој од минатата година почна да работи во слободната зона Бунарџик во Скопје. Потоа следи фармацевтската индустрија, каде што во секторот хемиски и сродни производи има раст од 33%, како и прехранбената индустрија каде што извозот на храна и живи животни во првиот квартал е зголемен за 6,1%.

Кај увозот пак најголем раст е забележан кај челикот, металите и суровините за производство. Трговската размена по производи покажува дека во извозот најголемо е учеството на катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, феросилициумот, фероникелот, производите од железо и челик (валани производи) и облеката. Во увозот најмногу се застапени платината и легурите на платина, необработени или во прав, електричната енергија и други метали од платинската група и нивни легури, необработени или во облик на прав. Во периодот јануари-март 2014 година, најголемо учество во извозот на стоки имаат земјите-членки на ЕУ 28 (80,1%) и земјите од Западен Балкан (12,4%), а во увозот на стоки најголемо учество имаат земјите-членки на ЕУ 28 (63,2%) и Останати земји, на друго место неспомнати (11,5%). Според вкупниот обем на надворешно-трговската размена, Република Македонија најмногу тргува со Германија, Велика Британија, Грција, Србија и Италија (52,1% од вкупната надворешно-трговска размена се врши со овие пет земји).

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik